Шекеринска: Посетата на Столтенберг е порака сама по себе

од desk4
76 прегледи

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод посетата на Столтенберг на Македонија в среда и четврток изјави дека посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија,е порака сама по себе.

„Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет во изминативе години доаѓаа во Македонија. Посетата ја гледаме како можност Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, која работи на својот приоритет, и која реално верува дека членството во НАТО и во ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет на граѓаните„ посочи Шекеринска.

Таа потенцираше дека во делот на одбраната, има со што да се пофалиме, односно со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во мисијата на НАТО во Авганистан, и со нови политики на транспарентност и интегритет.

– Македонија, за да биде вистински член на НАТО прво треба да си обезбеди интегритет, транспаретност и одговорност во своето функционирање. Посетата на генералниот секретар не е подарена, туку заслужена, тоа не е доволно за членство, но сепак покажува дека сме тргнале на вистинскиот пат. Столтенберг нема да го решава проблемот со името, тој ќе ја прати пораката дека кога една држава сака да стане членка на НАТО и ги влече вистинските потези – го гарантира владеењто на правото и основните вредности кои се во основата на нато алијансата, дека тогаш таа ја добива шансата за членство во нато – изјави Шекеринска.