Шекеринска: После долги години корисниците на становите од поранешна ЈНА ќе можат да ги откупат

од Берта Китинска
554 прегледи

Собранието вчера го усвои Законот со кој се овозможува продажба на становите кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА.

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска преку својот Фејсбук  профил изрази со благодарност до пратениците

– После долги години, корисниците на овие станови ќе можат да ги откупат становите во кои живеат одамна, а во буџетот ќе се влеат дополнителни средства од продажбата. Ставивме крај на повеќедецениска неизвесност и правна несигурност. Покажавме грижа кон наши сегашни и поранешни вработени и воени пензионери. Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот.Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот.Благодарност до пратениците кои го предложија законот и до парламентот што покажа слух и го изгласа., објави Шекеринска.

 

Слични содржини