Претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска денеска порача дека нејзиниот Институт за одржливи и иновативни политики, со висок консензус бара спроведување на уставните измени.
-Доминираше дека ниту еден политички или експертски фактор во изминатите 12 месеци, не излезе со листа во која што ќе каже дека уставните измени се некаков ризик по државата. Главните резерви беа дали уставните измени ќе бидат доволни и дали ќе значат крај на процесот на условување. Тие се наш дел од работата и треба да се завршат, рече Шекеринска на настанот во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“.
Друга препорака според Шекеринска, е дека ЕУ мора повремено да седнува на билетералната маса со Бугарија.
-Од другата страна не го имаме само соседот, туку и неговата политичка моќ која произлегува од членството во ЕУ и нашата желба да станеме членка на Унијата. ЕУ мора да помогне за да се најде одржлив и продуктивен процес. Домашните реформи повеќе да ги гледаме како цел за себе, рече меѓу другото поранешната министерка.