Шекеринска: Проблемите што ги имавме со Грција се потешки од проблемите што ги имаме со Бугарија

од Nikola Popovski
193 прегледи

Поранешната министерка и поранешен претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска е децидна дека проблемите со Бугарија не се потешки од проблемите што ги имавме со Грција.

-Не се согласувам со тоа бидејќи пред 20 и 30 години, па дури и пред 5 години, ова изгледаше како невозможен проблем за решавање. Ако направите анализа на јавното мислење, мислам дека 12 проценти од граѓаните на Северна Македонија се согласуваат дека компромисот со Грција е изводлив и може да се случи. Главната лекција од Преспанскиот договор е дека не избираме политичари да ни служат како скапи огледала, затоа што можете да купите и поевтини огледала, туку очекувате политичарите да погледнат она што е моменталното расположение во земјата. Денес се прашувате дали Преспанскиот договор е популарен. Ако го направиш, ќе дојдат. Компромисот беше направен, но во последно време нема опозициски лидери кои што велат дека ќе го поништат. Нема такви, ниту тука, ниту во Грција. Тоа е доказ за успехот на Договорот од Преспа. Да ја немавме поканата од НАТО пред 5 години, Преспанскиот договор ќе беше мртвороденче. Поканата од НАТО го спаси сето ова, рече Шекеринска на третиот Преспа форум за дијалог, на фишбол дискусијата „Патот до Преспа: научени лекции и перспективи“.

Слични содржини