307
Русија е една од земјите која најчесто го цитира меѓународното право и потребата од одлуки во ООН, вели поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата „Вин-вин“.
Според неа, еден од говорите на Путин кој најмногу се цитира е оној од 2008 година на Минхенската конвенција.
-Тој говор се користи дека Путин тогаш пратил сигнали дека Русија не е задоволна и среќна. Во истиот говор вели дека единствена организација која може да даде зелено светло за воена сила е Организацијата на Обединетите нации. Од вчера имате Резолуција со 144 земји која со прст покажува кон Русија, додава Шекеринска и потенцира дека ова било очекувано и дека светот не треба да е изненаден од ваквиот потег на Русија.