192
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил ја искоментира новата блокада на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која поднесе околу 2.000 амандмани на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македониј
-ВМРО-ДПМНЕ со 2000 амандмани го блокира донесувањето на измените на Законот за служба во Армијата. Со тоа, ги блокира новите поволности за припадниците на Армијата, меѓу другото и шанса за висока отпремнина за војниците на 45 – годишна возраст, подобрите услови за пензионирање, како и можноста за стипендирање на дефицитарни кадри.Ги решаваме еден по еден проблемите кои ни ги оставија и наместо да помогнат, сега блокираат!, напиша Шекеринска.