Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре присуствува на годишната конвенција на Прогресивната алијанса и на состанокот на Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), соопшти СДСМ.

„Утре, на состанокот на Президиумот на ПЕС, Шекеринска ќе се сретне со претставници на сите сестрински партии од Европа, на кој ќе ги информира за последните случувања во Р.Македонија и одново ќе побара поддршка за принципиелните позиции на СДСМ во насока на надминување на политичката криза. Конвенцијата на Прогресивната алијанса под наслов „Обликување на иднината – За слободен, праведен и солидарен свет“ на едно место ќе собере претставници од над 100 социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од целиот свет, меѓу кои и премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар Мартин Шулц, претседателот на француската Социјалистичка партија Жан Кристоф Камбеделе, претседателот на австриските Социјалдемократи, Кристијан Керн“, соопшти СДСМ.