413
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти дека војникот кој е на мировна мисија во Централно африканската република со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје.
-Еден од нашите припадници на Армијата потполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република минатата недела доби позитивен тест на ковид 19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје, изјави Шекеринска.