Мислам дека не треба да лицитираме со кадри кои би биле дел од раководството на СДСМ, изминативе денови прочитав 20 имиња во јавноста и 50 комбинации. Сметам дека не е здраво за нас да водиме преку телевизија и интервуја вакви дебати. Здраво е за овие теми да се разговара во СДСМ јас не сум член во раководството така што и кога тоа ќе се состане нема да бидам на маса, но доколку нешто кажам само би му штетела на процесот, вели во Топ Тема, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Сметам дека претседателот на СДСМ и премиерот погреши што го врза својот мандат со резултатот на локалните избори ако е така тогаш парламентарните треба да се заедно со локалните.И холандскиот премиер Руте при посетата кај нас кажа дека не знае колку локални избори изгубил, но премиер е со години.Мојата проценка е дека изјавата на Заев води кон нов лидершип и партиски и владин, вели Шекеринска.