Шеќеринска: Да не дозволиме автоимуна болест, блокирањето на уставните измени ќе ја пресели вината на македонски терен

од Vladimir Zorba
476 прегледи

Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти и поранешен функционер, Радмила Шекеринска, денеска на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 – 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“ изјави дека блокирањето на уставните измени ќе ја пресели вината на македонски терен.

Не смееме, вели таа, да си дозволиме автоимуна болест.

– Автоимуна болест е болест што практично твојот организам го тера да те уништува одвнатре. Значи блокирањето на уставните измени само ќе ја пресели засекогаш вината која не е кај нас, ама ќе дојде кај нас, на македонски терен. И посакувам да се создаде мнозинство за уставни измени затоа што во суштина, Северна Македонија беше таа што пред извесно време даде предлог до бугарската страна да влезат Бугарите во Уставот, во преамбулата. Бугарските националисти го одбија, затоа што сметаа дека со ваква измена на Уставот, ќе се покаже дека Бугарите и Македонците се два различни народа. Јас тоа така го гледам. Затоа бугарските националисти пред неколку години тоа го одбија. Може да водиме дискусија зошто го смениле мислењето, не е ни битно. Битно е дека во суштина, оваа промена на еден многу либерален Устав кој е многу широк за различни етнички заедници што е плус за нас, треба да ја направиме, рече Шекеринска, додавајќи дека ни треба политички јавен договор бидејќи политичките партии во државата немаат меѓусебна доверба.

Слични содржини