Шенен Доерти (52) тврди дека открила дека нејзиниот сопруг има афера непосредно пред да ѝ биде закажана операција за тумор на мозокот. Во премиерната епизода на нејзиниот подкаст „Let’s Be Clear“, таа се потсети како се справила со нејзиниот развод од Курт Исвариенко додека истовремено се борела со ракот во четвртата фаза на почетокот на оваа година.
„Отидов на операција рано наутро и тоа откако дознав дека мојот брак всушност е завршен, дека мојот сопруг има афера две години“, рече Доерти.
Иако актерката признава дека Исвариенко „сакал“ да биде со неа, на крајот одлучила дека „не може да оди на таа операција со него“.
„Се чувствував толку изневерено. На крајот на денот, се чувствував неверојатно несакано од некој со кој бев 14 години, од некој што го сакав со целото мое срце“, рече ѕвездата од „Беверли Хилс, 90210“.
Покрај себе во тој момент ги имала мајка си, брат ѝ и најдобриот пријател Крис. Иако операцијата била успешна, таа исто така морала да се подложи на зрачење и продолжила да се бори со оваа исцрпувачка болест.
„Само поминувајќи низ сето тоа додека се обидуваш да откриеш дали ќе се разведеш и се обидуваш да дојдеш до вистината за тоа“, вели во подкастот.
Доерти и Исвариенко се разделија во јануари, истиот месец таа беше оперирана, а таа поднесе барање за развод од фотографот дури во април. И покрај неверството, актерката вели дека ѝ било тешко да го напушти нивниот брак.
„Бев толку збунета и бев на стероиди и многу работи поради операцијата бидејќи не сакаа да ми отече мозокот. И искрено, сепак е многу тешко. Да, ја донесов одлуката да се разведам, но имам многу спомени со таа личност“, рекла таа.
Актерката откри како потоа станала „опседната“ со откривање на секој детал од предавството на нејзиниот сопруг „преку разговори, очекувајќи некој да биде искрен“.
„Ако делите 14 години заедно и сте изневерувале, зарем таа личност не ја заслужува апсолутната вистина колку и да боли?“, праша таа.
Доерти тврди дека разговарала со девојката со која сопругот ја изневерувал две години, но не го откри нејзиниот идентитет.
За потсетување, на Доерти првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а две години подоцна објави дека отишла во ремисија. Сепак, нејзиниот рак се вратил во 2019 година и напредувал во четврта фаза, раширувајќи се во нејзиниот мозок.
Пред бракот со Исвариенко, таа беше во брак со Ешли Хамилтон од 1993 до 1994 година и со Рик Саломон од 2002 до 2003 година.