Шенон Доерти конечно се чувствува подобро: „Господ интервенираше“

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Актерката Шенон Доерти конечно доживува олеснување во услови на исцрпувачката битка со ракот во четвртата фаза. Открила дека се случило чудо откако ризикувала.

Во новото издание на нејзиниот подкаст „Да бидеме јасни“, актерката навела дека нејзиниот онколог, д-р Амин Мирхади, ја ставил на нова инфузија за лекување на нејзиниот рак, но кога не забележале разлика по четири третмани, нејзиниот медицински тим сакал да проба нешто друго – но таа инсистирала да продолжи со сегашната терапија.

Како што се испоставило, телото на актерката станало приемчиво за овој третман по шестиот и седмиот третман.

Таа објаснува дека лекот ја разградува крвно-мозочната бариера, што може да ги спречи лековите за хемотерапија да стигнат и да ги уништат туморските клетки во мозокот. Во случајот на Шенон, лековите за рак сега можат да навлезат во клетките на туморот преку ослабена бариера.

Шенон продолжува со лекувањето, изјавувајќи дека верува дека „Бог ги виде моите напори и интервенираше“.

За потсетување, на Шенон за првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а по 2 години хемотерапија, таа беше во ремисија. За жал, нејзиниот рак се врати во 2020 година и се прошири на нејзиниот мозок минатата година.

Слични содржини