Шентоп: Негативните ефекти од војната во Украина носат ризици за стабилноста на Балканот

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Глобалните и регионалните негативни ефекти од тековната војна меѓу Русија и Украина, длабоко се чувствуваат и на Балканот и носат некои важни ризици за стабилноста на регионот.

Ова го изјави Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп во Истанбул

„Несомнено е дека Европската Унија го забрза процесот на интеграција на регионот, како со свесноста за овие ризици, така и со пресметување за да создаде нов одговор на променливите стратегиски рамнотежи. Како Турција, ние, исто така, го поддржуваме овој процес, за кој веруваме дека може значително да придонесе за стабилноста и просперитетот на регионот доколку се спроведе искрено. Се надеваме дека сите балкански земји ќе станат членки на Унијата што е можно поскоро“, рече Шентоп.

Шентоп истакна дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот е исклучително важно и за Турција, која претставува важен дел од регионот.

Порача дека постојат сили кои сакаат да го нарушат мирот на Турција и со тоа да ја пореметат нејзината концентрација на Балканот.

„Ги повикувам оттука. Сите на Балканот знаат дека сонцето на Балканот изгрева од Турција и заоѓа во Европа. Не видовте ништо освен крв и солзи на Балканот во кој немаше присуство на Турција. Преземаме чекори кон мирот и стабилноста не само во својот регион туку и во целиот свет.“, истакна тој.

Слични содржини