370
Светската дива Шер е фатена во Италија како ужива во коктели со пријателите во ексклузивен ресторан. Познатата пејачка изгледаше спектакуларно и младешки во црни хеланки.
Кој би рекол дека оваа дама веќе има 75 години – на нејзината фигура ѝ завидуваат и неколку децении помлади. Шер направи пластични операции за да ја зачува својата младоликост, но се грижи за своето здравје и изглед.
Пејачката оди во теретана до пет пати неделно, а има и личен тренер, а еднаш откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај теретана, таа сурфа и, ужива во прошетки, а понекогаш игра и тенис.
„Се убивам во теретана за да имам вакво тело. Не е дека имам неверојатна тајна што никој друг ја нема“, рече таа своевремено.