461
Познатата пејачка Шер на 78 години одлучи да започне нова работа.
Иако постигна завидна кариера и заработи доволно пари што повеќе не мора да работи, таа не планира да се пензионира.
Така сега таа ги изненади сите кога објави дека почнува да се занимава со производство на сладолед и дека лансирала свој бренд на овој деликатес, наречен „Cherlato“.
Овие сладоледи ќе се продаваат на улиците на Лос Анџелес, од камион со фотографија на пејачката.
Шер на Инстаграм објави и неколку фотографии од сладолед „Cherlato“, а во коментарите доби бројни пофалби за нејзиниот деловен потфат.