“Шерифи” нападнале возач зашто не им дал предност во сообраќајот…

од desk3
89 прегледи

тепање-620x330

На 09.02.2016 година во 21.40 часот во ПС-Гази Баба Д.З. (28) пријавил дека бил физички нападнат од страна на две непознати машки лица. Д.З. со ПМВ „Мерцедес Вито“ со скопски регистерски ознаки застанал над надвозникот за да се приклучи кон населбата Методија Андонов-Ченто, при што од правец на „Триангла“ пред неговото возило  застанало ПМВ „Ауди“ со скопски регистерски ознаки и од возилото излегле две непознати лица, му ја отвориле  возачката врата, почале да му викат на висок тон и едно од лицата со тупаница го удрил неколку пати во пределот на лицето при што му нанел видлива повреда во вид на црвенило.

Ограбена бензиска, Србин се тепал, разбојништво, ограбена куќа, лажно пријавил дека бил ограбен…

Причина за физичкиот напад е поради недавање на првенство на минување во  сообраќајот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.