Шерифовиќ: И генетски и административно и во секоја друга смисла, јас сум мајка на Марио

од Vladimir Zorba
3,8K прегледи

Српската пејачка Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка.

Марија со години фантазирала да држи свое дете во раце и сонот конечно се остварил, а нејзиниот син се родил во клиника во Лос Анџелес.

Како што откри Шерифовиќ, процесот траел долго.

„Ух… Па, мојот процес на донесување одлуки траеше долго. Но, кога првпат пресеков и реков тоа е тоа, веднаш се останато некако си дојде само по себе… Има голема помош од Оној одозгора“, вели таа во интервју за „Блиц“.

Марија не сакаше да открие кој е таткото на детето.

„Поради договорот за приватност, не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа“, рече пејачката и откри дека била наведена како единствен родител во документите.

„Јас сум негова биолошка мајка и во документите сум заведена како единствен родител“, рече Шерифовиќ, која ги реши сомнежите и посочи дека таа е мајка на Марио во генетска смисла и дека законот на Република Србија ја признава како неговата мајка.

„И генетски и административно и во секоја друга смисла јас сум мајка на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од ДНК на неговата мајка е мој“, рече таа.

Слични содржини