Шешељ: Групата на Беливук ги користела методите на Аркан

од Nikola Popovski

Српскиот политичар Воислав Шешељ изјавил дека очекува во четврток да бидат прикажани непосредни снимки за злосторствата на кланот на Вељко Беливук.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера објави дека се откажани седницата на Советот за национална безбедност и неговото обраќање за организиран криминал, поради формални правни проблеми, но дека граѓаните ќе бидат информирани за неколку дена, а најдоцна до четврток.

– Користев благ израз кога најавив дека луѓето ќе бидат шокирани. Треба однапред да кажеме дека сите треба да ги тргнат своите децата, поради тоа што ќе го видат и слушнат. Ќе видите кој се им се заколнал на верност на убијците, на кој начин и што имал од нив – рече Вучиќ на ТВ Прва.

Тој додал дека, покрај граѓаните на Србија, „цела Европа и целиот свет“ ќе бидат шокирани од оваа информација.

Шешељ ги изнел своите очекувања.

– Очекувам дека ова ќе бидат непосредни снимки за злосторствата. Тоа го правеа кај нас и тие главни мафијаши од 90-тите години. Не им беше доволно да ги ликвидираат жртвите, туку и ги слика. Ова се убиства со кои се фалат во своите кругови и им го покажуваат на другите навремено, со цел да ја заплашат конкуренцијата. На пример, кога луѓето од Аркан го убија Воја Американецот, тие го испрашуваа под најтешка тортура и тој призна сè, им кажа сè, сè беше снимено, а потоа го исекоа на парчиња и го фрлија во Дунав во разнобојни најлон кесни. Аркан ги снимаше и покажуваше пукањата на одреден круг луѓе – рекол д-р Шешељ за ТВ Пинк.

Лидерот на радикалите рече дека тој лично не ги видел тие снимки од пукањата на Аркан.

Слични содржини