Шешељ: Го доживуваме враќањето на Русија на Балканот

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Претседателот на СРС (Српската радикална партија), Воислав Шешељ, потсетува дека тој рекол дека Русија ќе застане на нозе дури и кога е слаба.

„Во 1990-тите, кога западните сили нè напаѓаа од сите страни, сите до една, нашите традиционални непријатели,  Русија застана настрана, немоќна, слаба, на колена. Знаевме дека нè прогонуваат, дека нè уништуваат затоа што сме мали Руси на Балканот и јас прв го кажав тоа јавно, а сега гледате дека српските непријатели отворено го кажуваат. Но, предупредив: ‘Браќа и сестри Срби, Русија сега е слаба и немоќна, но не може да остане таква засекогаш. Големата, славна Русија ќе се исправи и ќе се врати на Балканот’. Токму тоа го доживуваме денеска“, рече Шешељ.

Слични содржини