Претседателот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ изјави дека за прославата на својот син тој нарачувал четнички песни, а дека српскиот претседател Александар Вучиќ не нарачал ниту една.
„Јас прв порачав четнички песни, а потоа и некои други. Вучиќ не порача ниту една песна“, изјави Шешељ за ТВ Хепи.
Викендов на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат Вучиќ и Шешељ на прослава додека бендот свири четничка песна, а Шешељ тврди дека снимањето на прославата не било забрането и дека Вучиќ се сликал со голем број луѓе.
„Сите српски непријатели веднаш ги кренаа веѓите… Спорни им се две работи – што (Вучиќ) дошол на свадбата и крштевката на синот на четничкиот војвода и што таму се пееле четнички песни“, рече претседателот на СРС.
Шешељ изјавил дека на прославата на црковната венчавка на неговиот син Александар пиел само „руски квас“, додека Вучиќ само „кока-кола“.