Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, денеска најави дека неговата партија ќе настапи самостојно на изборите, нема да влегува во никаква предизборна коалиција, но ако после изборите се зајакне прозападното лоби, тогаш ќе го поддржи Александар Вучиќ само ако се откаже од ЕУ.

Во интервју ја радио “Спутник”, Шешељ изјави дека н изборите, радикалите ќе настапат со парола “Србија во сигурни раце” и со таа кампања сака да ја промовира блиската интеграција со Русија.
– Непрекинато му нудиме на Вучиќ веќе една година да се откаже од ЕУ и да се ориентира кон Русија и само во тој случај ќе ја прифатиме негвата влада, без никакви предрасуди, изјави Шешељ
Неговите прогнози се дека “напредњаците” на Вучиќ се се уште најсилната партија и најверојатно така и ќе остане на претстојните избори во април. Ги отфрлува истражувањата на јавното мислење како неточни во тврдењата дека SNS може да има 51 до 51 % поддршка.
Лидерот на радикалите тврди дека неговата партија е во пораст и дека има над 20% од електоратот. Најавува дека нивната кампања нема да чини многу, бидејќи е најсиромашна партија, но затоа ќе биде најинтензивна и ќе се оди од врата на врата.