Водачот на радикалите, Воислав Шешељ, изјави дека државата може да направи договор или да ги помилува Звездан Јовановиќ и Милорад Улемек Легија, под услов ако тие кажат се она што го знаат за убиството на Зоран Ѓинѓиќ
– Не постои друг начин да се истражува убиството на Ѓинѓиќ. Дури и ако тие, се до „гуша„ вмешани, но сепак со нив би можело да се направи договор, по сите овие години минати во затвор да бидат помилувани и амнестирани, под услов тие да кажат се што знаат за убиството на Ѓинѓиќ, или ако знаат нешто и за други убиства. Никогаш Човиќ, Јовановиќ, Михајловиќ и други нема сами за себе да зборуваат – изјави Шешељ на прес-конференција.
Тој додаде дека СРС е многу заинтересирана за околностите на убиството на Ѓинѓиќ кои не се до крај разјаснети.
Тој рече дека сите во “досманлијскиот режими” го прикривале убиството на Зоран Ѓинѓиќ, и дека Чедомир Јовановиќ лично наредил “тула по тула и камен по камен да се урне зградата во Шилеровата улица, кој бил центар на моќта на земунскиот клан и на досманлијскиот режим”.
Тој додаде дека се уште не е докажано дека Звездан Јовановиќ го убил Ѓинѓиќ. / извор Информер видео Танјуг
