
Лидерот на српските радикали за Блиц изјави дека се надева оти неговата поддршка за Доналд Трамп ќе помогне да победи на овогодишепните претседателски избори во Америка.
Ова е реакција на Шешељ по информацијата дека колумнистот на Бостон Глоуб- Алекс Бим направил анализа за ВИП личности кои го поддржуваат претседателскиот кандидат Доналд Трамп.
– Уверен сум дека сите Срби кои живеат во Америка ќе гласаат за него, но и многу Американци кои ги ценат моите политички погледи и идеологија која ја застапувам, вели Шешељ.
Шешељ ги отфрла обвинувањата дека заедничката точка меѓу него и Трамп се навредите кон муслиманите и вели дека навива за Трамп оти го осудил бомбардирањето на Србија.
– Хилари Клинтон на пример имаше значајна улога за време на бомбардирањето кога нејзиниот маж бил претседател на САД, дообјаснува Шешељ.
Тој смета дека на иста линија со него се и Денис Родман, Хулк Хоган, актерот Стивен Болдвинг и Гари Бјуши, боксерот Мајк Тајсон. Сите наведени даваат силна поддршка за Доналд Трамп