Шест фрази откриваат луѓе кои имаат трауми од детството

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Според психолози, начинот на кој се изразуваме е последица на воспитувањето. Ова значи дека некои фрази што ги користиме може да откријат дека сме доживеале психолошка траума во детството.

Ова се навидум обични фрази кои се користат секојдневно, но почесто ги користат оние кои немале мирно и среќно детство.

„Јас мислам“

Кога човек вели „Јас мислам“, тоа значи дека се сомнева во своето расудување и се плаши да не направи нешто погрешно. Исто така, овој израз несвесно се користи како подготвена одбрана од евентуален напад од други луѓе. Овие зборови најчесто ги користат оние кои во детството се соочиле со критики, понижувања и навреди од родителите.

„Едноставно се случи“

Според психолозите, реченицата „едноставно се случи“ е најлесниот начин некој да ја отстрани одговорноста. Овие зборови укажуваат дека личноста се чувствува немоќно и не ја контролира ситуацијата во која се нашол. Постојат две причини зошто возрасен често ги повторува овие зборови: првата е страв од казна, а втората е прекумерна заштита во детството.

„Тоа е само мое мислење“

Оваа фраза може да се користи во два контекста. Некогаш човек сака да стави до знаење дека своето мислење не го смета за важно, а понекогаш, ако се каже ладно, тоа покажува дека личноста мисли дека е посебна. „Втората опција е формирана кај деца од презаштитни родители, додека првата е карактеристична за луѓе чии ставови се игнорирани или девалвирани“, вели терапевтот Наталија Суперфин.

„Не обрнувај внимание“

Според психолозите, оваа фраза ја користат луѓе кои се навикнати да ги потиснуваат своите потреби и емоции. Суперфин тврди дека луѓето кои се трауматизирани не само што ги кријат своите емоции, туку речиси никогаш не бараат помош на работа, дури и ако им е потребна.

„Тоа е моја грешка“

Според психологот Ана Ткач, оние кои ја играле улогата на жртва во детството, најчесто доброволно се обвинуваат себеси. Друг знак за таквата траума е стравот од преземање одговорност. За некој кој секогаш се чувствува виновен, полесно е веднаш да се прогласи за виновен за се и да се извини.

„Ова можеби звучи глупаво“

Според психолозите, на овој начин човекот се обидува да спречи потенцијално понижување кое често го доживувал во детството. „Стравот од исмејување поради сопствените идеи може да произлезе од фактот дека во детството секоја идеја на детето била дочекана со потсмев и понижување. Ако родителите често се смеат на идеите на детето, не ги сфаќаат сериозно, ги девалвираат или кажуваат: „Тоа е глупаво“, тогаш детето развива навика однапред да верува дека ќе биде омаловажено“, истакнува Суперфин.

Слични содржини