Шест грешки во хигиената кои би требало да престанеме да ги правиме

488 прегледи

Никогаш порано, како сега, не се зборувало за хигиена. Голем број лица за прв пат во животот водат сметка за тоа редовно да ги мијат рацете, но и покрај тоа има работи кои ги прават погрешно.

1. Пречесто се капите или туширате

Иако звучи нелогично, пречестото туширање исто така лошо како и воопшто да не се туширате. Тимот на експерти од Универзитетот Колумбија тврди дека тоа ја суши вашата кожа и остава пукнатини во неа, што им олеснува на микробите да влезат во вашето тело. Се препорачува да не се туширате повеќе од еднашка во денот.

2. Не ги миете рацете пред одење во тоалет

Бактериите не се наоѓаат само на тоалетот, туку и насекаде во домот. Тоа значи дека, доколку не сте ги измиле рацете подолго време, бактериите се насобрале на нив. Во тој случај, при одење во тоалет, преку рацете пренесувате опасни микроби на интимнните делови од телото. Затоа, миењето раце пред одењето во тоалет е еднакво важно како и миењето по завршувањето.

3. Пуштате вода со врвовите на прстите

Тоалетот е очигледно едно од највалканите работи во домот, а истражувањата покажаа дека дури 90 минути по испирањето на школката бактериите и понатаму се тука. Затоа немојте да го притискате копчето за пуштање вода со врвовите на прстите туку со зглобот. Со тоа ќе го спречите пренесувањето на бактериите на работите кои би можело да ги допрете пред да ги измиете рацете.

4. Предолго спиете за иста перница

Перниците се вистински рај за бактериите и мувлата, а доколку имате проблем со кожата, треба да размислите дали за тоа е виновна вашата перница. Овие мали штетници можат да предизвикаат алергии и проблеми со респираторните органи. Се препорачува и редовно перње на перницата како и навлаките за истата.

5. Спиење со миленикот

Дури и во текот на ноќта мора да внимавате на хигиената, а експертите не препорачуваат да спиете во ист кревет со миленичето. Дури и оние со најчисто крзно можат да пренесат бактерии.

6. Го миете лицето со сапун

Наместо да ви го исчисти лицето, сапунот може да ви ги затвори порите и да предизвика воспаленија. Дерматолозите нагласуваат дека сапунот воопшто не е наменет за миење лица, туку ја нарушува pH вредноста на кожата и ја нарушува нејзината отпорност на бактериите.

Слични содржини