Шест лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Мавровска крстосница-Дебар

од Stefanija Kuzmanovska
476 прегледи

Вчера во 12.10 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од 32-годишниот Р.Б. од Гостивар и патничко возило „шевролет“, управувано од 63-годишниот С.С. од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото ‘шевролет’, Е.Џ., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште три сопатници, констатирани во Медицински центар-Гостивар“, извести МВР.

По овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини