МВР денес објави дека 6 лица со фалсификувани ПЦР тестови вчера сакале да влезат во Бугарија преку Деве Баир.
„Тестовите кои ги приложиле биле на нивно име, но им ги издала лабораторија која немала акредитација да прави анализи за Ковид. Лицата се приведени во полициска станица. Одземени се тестовите, шест мобилни телефони, како и нивните патни исправи со потврда за привремено одземени предмети“, соопштија денес од Министерството, додавајќи дека станува збор за лицата Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје.
Полициската истрага треба да утврди дали станува збор за организиран начин на издавање на лажни тестови или пак на веќе издаден резултат се вметнуваат податоци од друго лице.