Шест месеци чекање за преговори не се ништо во споредба со 16 години, смета Димитровски

од Nikola Popovski
403 прегледи

Генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски сега ставот на Бугарија повеќе се сврти кон барањата за човекови права.

-Се префрлија од радикалните историски барања, според последните изјави на Радев. Сепак сметам дека таквите барања за историјата не може да ги прифати ниту една македонска влада, вели Димитровски во емисијата „24 анализа“.

Тој информира дека планот 5+1 се допираат работи што ги говори бугарскиот претседател.

-Тука спаѓаат човековите права, односно Бугарите да влезат во Уставот, како и јазикот на омраза, кој Софија го сфаќа малку пошироко. Во однос на предлогот на Петков за шест месеци, мислам дека изгледа долг период затоа што чекаме 16 години и не е добра порака. Ако некој ви става вето, а ви вели дека ќе продолжиме и изнајдеме решение малку е чудно. Од мој аспект, сметам дека може побрзо да се најде решение, иако се сме поминале за овие 16 години. 6 месеци чекање не се ништо во споредба со 16 години, потенцира Димитровски.

Слични содржини