Во Србија се регистрирани уште шест нови случаи на инфекција со коронавирус, така што вкупниот број заразени сега е 18, според најновите податоци на српското Министерство за здравство.
До 20 часот, на 11 март 2020 година, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак биле тестирани вкупно 151 лице, кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.
Од последниот извештај во средата од 8 до 20 часот, тестирани се примероци од 21 лице, од кои 6 се позитивни и 15 негативни за коронавирус.
Првиот заразен во Србија е регистриран на 6 март, а вирусот е пронајден кај маж од Бачка Топола.