Шест од осум пратеници на Алијанса се против Таравари и го поддржуваат владеачкото мнозинство

од Nikola Popovski
432 прегледи

Шест од вкупно осумте пратеници што ги има Алијанса за Албанците во Собранието, застанаа на страната на поранешниот лидер на партијата, Зијадин Села, при неодамнешната „поделба“ и раздорот, откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата треба да оди на изборите заедно со здружената албанска опозиција. Ова го истакна претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Стабилноста на владејачкото мнозинство, како што вели Митрески, се видела за време на гласањето за разрешувањето на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Имам информација дека од осум вкупно пратеници на пратеничката група на Алијансата за Албанците шест пратеници стриктно и директно ја подржуваат оваа владејачка коалиција, изјавил Митрески во интервју за МИА.

Вчера со „63“ гласа „ЗА“, ниту еден „против“ и „воздржан“, избрани беа министрите кои треба да ги пополнат испразнетите министерски места кои до сега ги држеа Фатмир Меџити и Азир Алиу на позициите здравство и информатичко општество и администрација.

За нови министри се избрани Илир Демири и Наим Бајрами откако во петокот на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери по препорака на партиската кадровска комисија на Алијанса за Албанците, Меџити и Алиу беа разрешени.

Демири и Бајрами попладнево дадоа свечена заклетва пред пратениците.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу дојде откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на претстојните избори ќе оди со албанската опозиција.

Единствениот министер од редовите на Алијанса, за кого не беше побарано разрешување, е првиот човек во ресорот правда, Кренар Лога, кој го поддржа Села и најавите партијата да оди самостојно на изборите.

Слични содржини