Шест опасни грешки кај домашното лекување на настинка

357 прегледи

Акутниот ринитис (течење на носот) и настинката спаѓаат во најчестите здравствени проблеми на светско ниво.

Unsplash

Стратегијата за ублажување на овие симптоми најчесто е со земање на капки или спееви за нос, таблети за ублажување на досадните симптоми, чаеви и одмор. Сепак, колку и да ни се чини безопасно, ваквото лекување на настинката може да има и свои компликации.

За да ги избегнете, обидете се да ги одбегнете и овие најчести шест митови.

1. Со или без лекување, настинката минута за седум дена

Акутниот ринитис може да помине сам од себе, но сепак се препорачува лекување бидејќи може да дојде до појава на секундарни инфекции.

Лекувањето на настинката е најважно поради елиминирање на факторот кој би можел да доведе до размножување на патогените бактерии, отокот или затнување на синусите.

2. Прочистување на носот е опасно и предизвикува воспаление на средното уво

Во светската медицина оваа метода се смета за приоритет кога е во прашање акутниот ринитис. Со оваа постапка се намалува ризикот од размножување на бактериите и лекарствата така полесно делуваат. Најдобар избор се морската вода, физиолошки раствор и сребрена вода.

3. Доколку симптомите траат повеќе од три дена мора да се лекуваат со антибиотици

Акутните респираторни инфекции обично траат 5 до 10 дена, но во некои случаи може да траат и до еден месец. Терапијата со антибиотици се препишува исклучиво од страна на доктор и тоа кога симптомите се очигледни или потврдени со лабраториски наод.

4. Доколку во брисот се пронајте стафилокока, неопходни се антибиотици

Брис од нос поради потрага за бактерии најчесто е бескорисен, освен кај луѓето чие анимање бара редовни санитарни прегледи. Сите носиме некои штетни бактерии, а носот е најмалку стерилно подрачје во респираторен тракт. За препишување на антибиотици не е доволно да се анализира брис од нос, туку и дасе согледа поширока клиничка слика.

5. Лековите за алергии ќе го забрзаат опоравувањето

Доколку личноста пати од алергиски ринитис, инфекцијата во носната шублина од било кој вид би можело да ја влоши состојбата. Во оваа ситуација користењето на алергиските лекови е оправдано. Сепак, нивната општа употреба за сите лица кои се настинати не се препорачува.

6. Доколку често се повторува, треба да се лекува имунитетот

Имунитетот не се лекува, туку зајакнува, со витамини, квалитетна исхрана, здрав начин на живот.

Слични содржини