Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на Република Северна Македонија моментално се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои:
Активни пожари (6 локации):
Општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (горе нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
Општина Прилеп – село Бешиште, Бешишки Рид (делумно под контрола), со кракови кон с. Градешница (Новаци) и границата со Грција; терен со мешана шума и детонации – нема интервенција.
Општина Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (Прилеп) и Галиште, Трстеник (Кавадарци); опожарена мешана шума и ниска вегетација.
Општина Крушево – Градска депонија кај м.в. Струнга (горење на ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума).
Општина Струга – на делницата Струга – Калишта (трска и ниска вегетација).
Општина Штип – меѓу селата Чардаклија и Караорман (ниска вегетација).
Под контрола 2 пожари
Општина Карбинци – село Јунузлија (шумски пожар).
Општина Делчево – Градска депонија Острец (пожар на ѓубре).
Изгаснати
Штип – меѓу с. Драгоево и Селце
Македонски Брод – с. Грешница
Македонски Брод – с. Црешево, Локвица, Крапа
Македонска Каменица – с. Ќосевица
Прилеп – ул. Јоска Јорданоски
Струмица – с. Просениково
Гевгелија – с. Миравци
Радовиш – кај базенот
Валандово – с. Јосифово
Чашка – с. Оморани
Росоман – с. Трстеник
Делчево – с. Звегор
Куманово – с. Градиште
Куманово – н. Баново трло (1)
Куманово – н. Баново трло кај Туш (2)
Боговиње – кај Рио Компани
Надлежните екипи се постојано на терен, а одговорните институции апелираат за внимателност и одговорно однесување во природа поради високите температури и ризикот од нови пожари.