Шест знаци кои УКАЖУВААТ на тоа дека имате ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА

од Stefanija Kuzmanovska

За време на повредa, нормално е да дојде до згрутчување на крвта, бидејќи на тој начин се спречува нејзиното губење и зараснуваат раните. Сепак, некои луѓе страдаат од прекумерно згрутчување на крвта, што може да доведе до тромбоза.

Ова значи дека кај овие луѓе се формираат тромби кои ги запушуваат крвните садови, а тоа може да биде многу опасно затоа што може да доведе до срцев или мозочен удар.

Ова се некои од симптомите на оваа состојба:

Болката во нозете може да укаже на оваа состојба. Покрај тоа, се појавуваат грчеви.

Необјаслива кашлица, кашлица која трае долго време без одредена причина, може да укаже на згрутчување на крвта.

Болка во градите, отежнато дишење може да укаже на присуство на тромб во областа на белите дробови, покрај тоа може да укаже и на други проблеми со срцето.

Вртоглавица која трае некое време е уште еден од симптомите.

Отежнато дишење, болка при длабоко дишење, неможност за длабоко дишење се исто така индикатори за оваа состојба.

Отекувањето на нозете е уште еден индикатор, а згрутчувањето на крвта доведува до тромбоза и спречува нормална дистрибуција на кислород до органите.

Црвени линиите на кожата се многу чест симптом на оваа состојба.

Ако забележите некој од симптомите, задолжително посетете лекар, не ги игнорирајте, бидејќи формирање на тромби може да доведе до многу сериозни медицински состојби, па дури и смрт.

Слични содржини