Шеста седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, ќе се обрати и Мицкоски

од Nikola Popovski
3,K прегледи

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи шестата седница на Генералното собрание на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа.

Делегатите на ова највисоко тело на ЗЕЛС, составено од сите градоначалници во земјава, како и од членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС, како што е најавено, ќе ги разгледаат и важните извештаи од работењето на Заедницата.

Од ЗЕЛС соопштија дека пред делегатите ќе се обрати претседателот на Заедницата, Орце Ѓорѓиевски, како и мандатарот за формирање на нова влада, Христијан Мицкоски, кој ја прифатил поканата од ЗЕЛС да ги изнесе ставовите и заложбите на идната извршна власт за обезбедување на заемна соработка за унапредување на процесот на децентрализацијата на власта во земјата и обезбедување на подобра финансиска стабилност на општините.

Слични содржини