Близу шестметарска елка, симбол на божиќните и новогодишните празници, беше доставена во Белата куќа.
Елката, како и обично, беше внесена со количка, влечена од два коња, под музика изведена од воен оркестар.
По традиција, доставата до резиденцијата на американскиот претседател на авенијата Пенсилванија 1600, беше примена од првата дама на САД Мишел Обама.
Таа направи “увид” на дрвото и даде “зелено светло” за да ја стави во Сината соба – една од главните сали на Белата куќа.
Дрвото било одгледано на фарма во градот Оконто во Орегон и беше доставено во Вашингтон од сопствениците Дејв и Мери Вандер Велде.