Шестмина починати по истекување на течен азот во близина на Атланта

од Nikola Popovski

Шест лица починаа, а десетина се префрлени во болница поради истекување на течен азот во фабрика за храна во близина на Атланта во американската сојузна држава Џорџија, соопшти локалната полиција во САД за новиот биланс на жртви.

Во првиот извештај, имаше пет мртви на самото место, а засега е непозната причината за истекувањето на течен азот, што не предизвикала експлозија, изјави полицијата во Гајнсвил, близу Атланта.

Несреќата се случила денес околу 10:00 часот по локално време во фабриката за преработка на живина „Prime Pak Foods“.

Од хоспитализираните, тројца се во сериозна состојба.

Слични содржини