Шестмина уапсени, еден повреден во полициската акција во Брисел

од Vladimir Zorba

Шест лица се уапсени, а еден е повреден во текот на антитерористичката операција, која почна во Брисел во неделата вечер, пренесуваа светските агенциите.

bruxelles_965349S1

Уште еден човек е уапсен во градот Шарлероа во Јужна Белгија.

Во моментов е сигурно дека армијата и полицијата продолжуваат со апсења и претреси и во повеќе делови на Брисел како и во други градови како Лиеж.

Потсетуваме дека од почетокот на викендот белгиската престолнина е блокирана поради највисоко ниво на опасност од терористички напади. Се трага по еден од извршителите на нападите во Париз – Салех Абдеслам. Властите сметаат дека тој може да носи и експлозиви со себе.

Покрај него, според министерот за внатрешни работи Јан Јамбол, има уште неколку терористи по кои се трага.

Слични содржини