411
Шестмината странски државјани кои беа уапсени поради вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио се Колумбијци, потврди еквадорската полиција.
Вилависенсио, гласен критичар на корупцијата и организираниот криминал, беше застрелан додека го напушташе вечерниот изборен митинг во северниот дел на Кито.
Седмиот осомничен, кој почина од раните здобиени во размената на оган со полицијата, исто така е Колумбиец.
Инволвираноста на колумбиски државјани во убиството потсетува на атентатот на претседателот на Хаити, Џовенел Моиз во 2021 година, кој беше убиен во својот дом од група во која имаше 26 Колумбијци и двајца Хаиќани.