Шевченко влезе во историјата со Украина, па побара помош од Италијанците

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

УКРАИНА е во четвртфиналето на Европскиот шампионат откако во продолженијата ја победи Шведска (2-1).

Зинченко погоди за водство на Украина во 27-та минута, а Форсберг ги врати работите на почетокот во 43-та минута. По регуларните 90 минути беше 1:1, па победникот се бараше по продолженија, а кога се чинеше дека ќе гледаме пенали, резервниот играч Довбик го постигна победничкиот гол во 121-та минута и ги одведе Украинците во првото европско четвртфинале во историјата

Украина ќе игра со Англија во четвртфиналето од 21:00 часот во сабота (3-ти јули) на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Украинскиот селектор Андриј Шевченко бара помош од Италија.

„Јас сум многу горд на моите момци, тие работеа напорно за да го освојат овој натпревар. Ја посветувам оваа победа на украинскиот народ, има толку голем ентузијазам во нашата земја. Игравме за Украина, со големо срце. Се надевам дека ќе имаме голема јавна поддршка во Италија. Италијанци, ни требате затоа што Англија е одличен тим“.

Шведскиот тренер Јане Андерсон рече: „Многу мали детали доведоа до овој исход. На пример, три замени што ги направив, сите во напад, а веднаш потоа се случи клучен момент и исклучување. Емил Форсберг ја погоди гредата и стативата. Немавме среќа и веќе не сме на турнирот“.

Слични содржини