Убавиот фустан на Мишел Вилијамс од овогодинешната церемонија на “Оскар” било создадено од рацете на десетина шивачки од модната куќа “Луј Вуитон” и тоа за 800 часа!
Елегантниот фустан комбинира црно кадифе со крем долен дел, везен рачно со дијаманти и бисери, и е дело на уметничкиот директор на брендот – Николас Геские.
“Ми се допадна комбинацијата меѓу кадифе, што според мене крие машкост, и женственоста на везениот со кристали и бисери тул. Изгледа неверојатно” , а истовремено со тоа носи и така типична париска ненаметливост”, изјави самиот Геские пред списанието “ИнСтајл”.
А присуството на францускиот шик со лесен ретро бриз не е случајно. Претходно Кејт Јанг, стилистката на Вилијамс беше издала за “Вог” дека инспирацијата за дизајнот е дојдена покрај слика на Жан Себерг -американска икона на француското “њу вејв” кино.
101