Шилегов: Автобуското метро станува реалност

од Берта Китинска
482 прегледи

Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит, популарното наречено Автобуско Mетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон !!!, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

-Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот. Скопје метропола !!!Скопје една поинаква приказна …, пишува Шилегов на Фејсбук.

Слични содржини