133
Ако сакаме паркови во Скопје, неопходен ни е попис и покрај пандемијата од Ковид 19, посочи градскиот татко, Петре Шилегов.
„Успешен попис за локалната самоуправа значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади, јавни простори, одржлив сообраќај, развиена локална економија, зголемена енергетска ефикасност и здрава животна средина“, стои во фејсбук објавата на градоначалникот Шилегов.
Меѓудругото тој направи споредба и посочи дека без попис не може да се води ни гранап, а не велеград како Скопје.
Успешен попис за локалната самоуправа значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади,…
Posted by Петре Шилегов on Вторник, 09 февруари 2021