Шилегов: БРТ е единствената опција за јавен транспорт, градот и државата немаат пари за трамвај

од Nikola Popovski
672 прегледи

Не е проект на Шилегов, јас не го донесов од дома. Тоа е се уште единствената можна опција за организирање на систем на јавен транспорт во Скопје. За машински систем, државата и градот нема пари, рече екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за „Бас Рапид Транзитот“ кој беше закочен проект откако градоначалничката Данела Арсовска дојде на функцијата.

Според Шилегов, БРТ е замена за трамвајскиот превоз и тој во себе ги користи коридорите според ГУП на Скопје како коридор за јавен превоз.

-Нема стратешки недостатоци во проектот. На тој проект работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение излезе така. Ние имавме презентација на проектот на кој што беа инволвираните луѓе. Тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година. Арсовска ја прекина постпаката. Ова е фрлање прашина во очи на јавноста, рече Шилегов во вестите на Тв Сител.

Околу најавеното ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз, Шилегов вели дека не постои ништо што е бесплатно.

-Тоа звучи убаво, но еве видовме што се случува со јавниот превоз во градот. Тоа сето се удира врз граѓаните, истакнува екс-градоначалникот.

За тоа дали има амбиции на политичката сцена, Шилегов истакнува дека е добро човек да се одмори, но и добро е граѓаните да ја видат разликата. Тој мисли дека јавноста треба да се соочи со евентуалното негласање на уставни измени.

-Напорот на СДСМ е искрен кон државата, но ајде да ги соочиме граѓаните и да ги исправиме опозициските партии. Утре да ги ставиме измените на седница и да се гласа, па да видиме што понатаму ако не се изгласаат. Јас да сум на место на раководството на СДСМ, веднаш би ги ставил на гласање, смета Шилегов.

Арсовска се попишмани во врска со БРТ што го започна претходната градска администрација на чело со Шилегов. Беше соопштено дека две години траело отстранувањето на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, додавајќи дека главниот град конечно ќе добие нов транспортен систем.

Слични содржини