Шилегов: Давањето под концесија на топловодната мрежа на БЕГ е несреќна постапка

од Aleksandar Todeski
319 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов смета дека постапката топловдната мрежа во Град Скопје да му биде дадена под концесија на БЕГ е несреќна.

Тој во емисијата „Детектор“ посочи дека Градот треба да биде тој што ќе управува со парно греењето додавајќи дека приватните фирми немаат интерес да инвестираат во мрежата.

„Лиценцата ја очекуваме. Во минатото за жал, со една несреќна постапка, топловодната мрежа беше дадена на управување на приватен партнер кој што главниот фокус го држи, кој што нема интерес на поврзување на тие енергетски острови во градот Скопје кои ги има три. Зборуваме за стратегија која што е фундамент во борбата за чист воздух“, вели Шилегов.

Шилегов веди дека води спор со БЕГ затоа што и оваа година ќе управува со топловодната мрежа, иако Град Скопје веќе го има формирано и јавното претпријатие „Градски енергетски системи“.

Слични содржини