Шилегов демантира дека го избришал името на улицата во Чаир: Поранешната „Ловќенска 9“ се вика „Втора Македонска бригада“

од Nikola Popovski
367 прегледи

Екс-градоначалникот Петре Шилегов обелодени дека името на улицата „Втора Македонска бригада“ во скопската населба Чаир никогаш не било избришано. Шилегов објави на социјалните мрежи дека Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја, историјата на НОБ и партизанското движење и така и ќе остане.

Популистичките изјави од било која (чија) страна, се резултат на тотална неинформираност (или свесна манипулација) со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ. Поранешната ул. “Ловќенска 9”, се вика улица Втора Македонска бригада. Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на наспособните, нагласува Шилегов во објавата.

Косовскиот премиер Албин Курти во петокот претстојуваше во Скопје на церемонијата на преименувањето на улицата во Чаир, што наиде на остри реакции во јавноста, како и негодувања од страна на државниот врв, пред се од премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендровски. Кабинетот на Ковачевски посочи дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада и дека „локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“.

Во Законот за Град Скопје, кој што е посебна единица на локалната самоуправа, стои дека Советот на градот е единствен надлежен за преименување на улици.

Слични содржини