Скопје денес е многу подобро од пред 4 години. И тоа е така затоа што Скопје го заслужува најдоброто. А најдоброто допрва следува, затоа што покажавме дека знаеме поинаку и можеме подобро, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ вечерва во Скопје.
Според него, денес, после 4 години вложување многу љубов во секое маало, во секое катче од градот убав, од нашето Скопје, разликите се видливи, разликите се неспоредливи.
„Дел од нив се изградените 4 нови булевари, реконструирани се 21 улици, новите 33 еко автобуси, воведуваме нов БРТ систем, спроведовме 40 нови мерки против загаденоста на воздухот, доделивме над 5000 субвенции за инвертери, изградивме 2 зелени кровови, засадивме илјадници нови дрвја, направени 2 памтрака, над 100 километри нови вело патеки, голем број диви депонии претворени во паркови, ослободени тротоари и нови јавни простори, исчистено коритото на Вардар, ослободен кејот 13ти Ноември, реконструирани сите средни училишта со нови енергетско-ефикасни фасади, купени прочистувачи за воздух во секоја училница, започнуваме со реконструкција на Универзалната сала, направивме нов Дино парк, поставивме нови контејнери и воведовме нов концепт за третман на комуналниот отпад“, потенцира Шилегов, додавајќи дека СДСМ покажа дека знае да слуша и знае да ги постави приоритетите како што треба, на вистинското место.
„Тоа е рецептот за победа. Скопје го заслужува најдоброто, а Скопје е секој од нас. Започнавме заедно, покажавме и докажавме дека знаеме и можеме храбро да чекориме на вистинскиот пат. Мораме да продолжиме заедно. Заедно за Скопје. Заедно за нас!“, заклучи градоначалникот.