Шилегов: Градот нема согласност за комплексот на „Железарница“ да се развие тешка индустрија

од Andreja Salpe
421 прегледи

По повод денот на здравјето и патрониот празник на ,,Д-р Панче Караѓозов”, денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов се обрати од средното медицинско градско училиште и рече дека во вакви услови на пандемија ја сфативме суштината на човековото здравје. Исто така, тој истакна дека градот Скопје во изминатите три години во истото училиуште има вложено 54 милиони денари и се надева дека од наредната учебна година учениците ќе се вратат во училишните клупи со целосно подновени училиште.

На новинаарско прашање за комплексот ,,Железарница” да се развие во тешка индустрија, тој вели дека градот Скопје нема дадено согласност.

„Деталните урбанистички планови кои што беа вчера предмет на јавна расправа во општина Гази Баба, не се доставени до Градот Скопје сеуште на мислење. Ние сме со став дека во нашиот град дека воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Од градот нема согласност за било каква тешка индустрија се развие понатаму во рамките на комплексот на Железарница. Меѓутоа ќе го дадеме нашето стручно мислење комисијата на градот, во моментот кога кај нас ќе бидат доставени деталните урбанистички планови. По редот на нештата тоа доаѓа по јавната расправа“, рече Шилегов.

Слични содржини