Шилегов: Груевски лаже и не сака да преговара

од desk3
152 прегледи

Партиите и понатаму тактизираат и се натегаат околу одржувањето нова рунда лидерски средби, на кои би се договарале идните чекори за расплет на кризата и, евентуално, нов рок за изборите.

Во таа насока се и најновите изјави на претставниците на партиите, кои се движат од „треба да се почне“ до „нема потреба од средба“, како и вообичаената надеж што ја изразува Брисел дека, сепак, до крајот на неделава ќе дојде до средба.

lideri-860x680

Во отсуство на вистински информации дали се преговара за да се преговара, кој ќе посредува на средбата и во каков формат таа би се одржала, партиите продолжуваат да се надмудруваат и да се навредуваат.

Во моменов ова се позициите:

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата би присуствувала на лидерска средба, но претходно мора да ја знаат темата и планот за средбата.

Никола Груевски: „Досега никој не нè контактирал за одржување на лидерска средба. Ние, секако, би прифатиле, но добро е да има претходни договори и подготовки околу темата на средбата затоа што за граѓаните не е добро да се одржуваат лидерски средби, без претходно добро подготвен план и тема, особено затоа што секогаш нас нè обвинуваат ако пропадне средбата. Во моментов нема ниту иницијатива, ниту тема за одржување лидерска средба“;

СДСМ: Веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори.

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Петре Шилегов: „Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и порано, а и сега едно прават, а друго зборуваат. Груевски лаже и не сака да преговара. Не сака да преговара, затоа што не сака да се создадат услови за фер и демократски избори. Ним им одговара оваа ситуација во која сега се наоѓа државата“;

ДПА: Лидерската средба нема што да понуди за излез од кризата и таква средба би била несериозна.

Мендух Тачи: „Решението за оваа криза го гледам во договорот меѓу Македонците и Албанците, кој е дел од платформата на ДПА. Доколку не се седне сериозно да се разговара за реалните проблеми, можно е ДПА да излезе од секакви преговори за решавање на политичката криза“;

ДУИ: Лидерски средби треба да се одржуваат затоа што се во интерес на граѓаните, а за фер избори најпрво мора да се создаде политички амбиент.

Брисел: Делегацијата на ЕУ е во постојан контакт со партиите и се надеваме дека тие ќе се согласат да се сретнат оваа недела.

 

META

Слични содржини