Проектот за клучката кај Момин Поток која се поврзува со булеварот Никола Карев ќе биде завршен најдоцна за година и пол- уверува градоначалникот Петре Шилегов.
-Ова сообраќајно решение кај Момин Поток, заедно со клучката на бул. Словенија каде набрзо започнуваат градежните работи, како и пробивање на бул. Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколница во правец на Косово, целосно го решаваме на долг рок сообраќајот во овој дел од градот, вели Шилегов.
Создавајќи ја оваа инфраструктура, потенцираше Шилегов, ги удираме темелите на Скопје кое што ќе се развива во вој дел од градот и со тоа ќе ставиме крај на неконтролираната урбанизација во населениот дел од градот. Тој истакна дека само со вакви храбри, револуционерни движења, одлуки и решенија овој град може да стане европска престолнина.
– Јас сум човек кој што никогаш не ветил брзи решенија. Јас сум човек што секогаш направил добри анализи, добри студии и врз основа на тие анализи и студии ги нудиме решенијата кои што ќе ги решат проблемите не само денеска, туку се решенија коишто ќе гарантираат дека во наредните 50 години Скопје навистина ќе нема проблеми ниту во движењето, ниту во сообраќајот, изјави Шилегов.