Шилегов: „Лајка“ ќе почне со работа до крајот на мај

од Берта Китинска
333 прегледи

До крајот на месец мај се очекува Јавното претпријатие „Лајка“ да почне да работи со полн капацитет, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Јавното претпријатие „Лајка“ функционира половично имајќи во предвид дека сме во завршна фаза. Мојот оргинален план и проектираното беше до крај на март да биде завршен стационарот, за жал пандемијата и успорувањето на активностите не спречија во тоа, меѓутоа како се враќа животот во нормала така се интензивираат и таму активностите, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Како што појасни градоначалникот, таму веќе се работи на електричниот и водоводниот приклучок, се очекува за една недела да се завршат неколку гипсани работи, и до крајот на мај би требало во полн капацитет „Лајка“ да биде ставена на услуга на граѓаните, со цел како што рече, големиот проблем што го има градот со кучињата скитници да биде решен.

Тој истакна дека е завршена постапката со Агенцијата за храна и ветеринарство за чипирање и за донирање на чипови на ниво на сите општини на државата, вклучително и Град Скопје.

– Ние во периодот кој што беше со полициските часови и со „Лајка“ и со здруженијата на граѓани работевме на проблемот со уличните кучиња во смисла на нивна прехрана. Очекувам кон крајот на мај кога „Лајка“ ќе започне да работи со пол капацитет, полека меѓутоа системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници, рече Шилегов.

Слични содржини